
Една овца беше поштедена од колење затоа што изведе бегство во стилот на Џемс Бонд напуштајќи ја фармата.
Овцата Мајфанвеј скокна во езеро, пливаше три километри и стаса до еден остров.
На стопанот му требаа шест недели за да ја најде и врати Мајфанвеј во стадото.
Овцата требаше да биде продадена на пазарот како месо, но по спектакуларното бегство стопанот-фармер одлучи да ја чува како љубимица.
Овчарот Робинсон изјави: „Ја оставив шест недели затоа што бевме зафатени со ојагнување, потоа земав чамец до островот. Кога се обидов да се доближам до неа, стана тешко...таа сакаше да плива назад“.v